View Sidebar
Енергетско прочистување на просторот – Space Clearing Essential (®Space clearing)

Енергетско прочистување на просторот – Space Clearing Essential (®Space clearing)

Енергетското прочистување на просторот е едноставен, стар, но и современ метод со кој можат да се хармонизираат енергиите во определен простор. Со други зборови, се расчистува просторот од резидуалните (преостанатите) енергии од претходните корисници. Тоа може да бидат објекти во кои живееме или работиме.

Овој метод се практикувал од дамнешни времиња во стар Египет, Индија, Јапонија, но и во повеќе култури во светот.

Водечките агенции за изнајмување во Њујорк ги ангажираат практичарите на овој метод за да ги хармонизираат просторите кои подолго време биле неиздадени. Набрзо, откако ќе се примени овој метод, тие простори се издаваат и тоа по висока цена.

По вакво чистење, во просторот се чувствуваме попријатно, се здобиваме со поголема витална енергија, посмирени сме и со задоволство престојуваме во него.