View Sidebar
Фенг шуи

Фенг шуи

Фенг шуи (во превод – ветер и вода) е стара кинеска филозофија која постои над 5 000 години и се однесува на здраво и просперитетно живеење. Создава хармонија и животна сила во опкружувањето/во просторот, во стан, куќа или работни простории, во секој простор каде што се движиме. Оваа животна сила придонесува да се постигне благосостојба, напредок , успех и среќа како лично така и во семејството, но и на работното место.
Со фенг шуи треба да се овозможи хармонично движење на виталната енергија „чи“, позната и како прана, кундалини или слободна енергија. Оваа енергија е дефинирана и од Никола Тесла и од Ајнштајн, а во поново време и квантната физика ја потврдува оваа животна енергија. Неа ја има насекаде, почнувајќи од микропросторот (соба, работна соба, работна маса), па продолжува понатаму во макропросторот (стан, куќа, зграда, населба, град…).
Наједноставно кажано: фенг шуи е сето она што е хармонично во нашето опкружување и сето она што ги успокојува нашите сетила.
За да се овозможи непречен проток на виталната енергија чи, неопходно е да се избегнува или да се намали натрупаноста.
Во духовното водство (®Soul coaching) и енергетско просторното расчистување (®Space clearing) се нагласува заемниот однос меѓу натрупаноста во просторот и натрупаноста во нашите мисли.
Усогласувањето во фенг шуи се врши со помош на циклусот на петте елементи (вода, дрво, оган, земја и метал), кинеската астрологија и системот на летечките ѕвезди. Сето тоа се комбинира со следниве податоци: датуми на раѓање на лицата (членови на семејството или на вработените), местоположбата на влезната врата (според страните на светот) на станот или куќата и староста на објектот.
Врз основа на овие наоди, се определуваат и таканаречените помошни средства. Тоа се симболи со кои и преку кои комуницираме со намера да се хармонизира просторот.
Повеќе на оваа тема можете да најдете во книгата „Фенг шуи и вашето здравје“ од Џ.Т. Лим, во превод на книгата на мојот прв учител www.jeslim.com и на Хауард Чој, дипл.арх., www.fengshuicolege.de