View Sidebar
Геомантија

Геомантија

Тоа е процедура/постапка за лечење на земјата или таканаречена акупунктура на почвата, на простор околу куќа или поголем објект што треба да се санира или да се исчисти од преостанати негативни енергии.
Тоа се главно локации на некогашни гробишта, дури и од античко време, места на кои се одвивале битки или масовни убиства, средновековни епидемии, масовни гробници, земјотреси или хаварии.
Има случаи во одделни објекти, во ист простор, па дури и по вертикала да се повторуваат исти болести или да се присутни други негативни појави. Учениците на Џес Лим зедоа учество во хуманитарна акција и го санираа крајбрежното подрачје што беше погодено од цунами.
На вакви места има акумулирано големо количество негативна енергија кое треба да се ослободи со акупунктура на почвата. Тоа се постигнува со дренирање на енергијата на длобочина до 40 метри.