View Sidebar
Гама-лекување (®Gamma Healing) според Крис Волтон (Chris Walton)

Гама-лекување (®Gamma Healing) според Крис Волтон (Chris Walton)

www.chriswaltonuk.com

И оваа програма на работа се изведува со афирмации и тапкање на акупунктурни точки, кои се секако модифицирани од авторот.

Со оваа постапка се предизвикуваат гама-бранови на мозокот од 35 до 70 херци во секунда (μHz), кои се лабораториски докажани, по што методот го носи и името.

Почетните афирмации (кондиционирањето) според овој метод се малку поедноставни, а понекогаш се и поефикасни. Со гама-брановите се достигнува највисокиот, оптимален степен на работата на мозокот при што можат да се елиминираат потсвесните ограничувања, убедувања, сомнежи, стравови, како и духовниот немир (и повеќе, како што е  веќе напоменато во ТЕС според Гери Крејг). Сево ова се изведува за релативно кратко време.