View Sidebar

Духовно водство (®Soul coaching)

Целта на оваа дисциплина е да го вклучиме нашиот спиритуален живот во секојдневното живеење.
Овој циклус опфаќа 28 лекции и со нив се постигнува расчистување на менталните, емоционалните и физичките натрупаности (во просторот во кој живееме или работиме).
Со тоа ќе се доведеме во состојба да ги слушаме пораките на нашата душа.
Мотото на Дениз Лин (Denise Linn, www.deniselinn.com ) e: „Душата ја сака вистината”.
Исто така, овој циклус ни овозможува да ја откриеме суштината на нашето постоење и ќе создадеме живот кој ќе ни помогне во таа мисија.
Душевното подучување не е терапија и е поинакво од животното подучување (life coaching). Toa не се фокусира на емоционалното будење, додека животното подучување се ориентира на постигнување цели преку мотивација или инспирација.
Постапката „минатите животи“ (Past life), исто така според Дениз Лин – е позната како регресија и/или ориентација за иднината, се изведува врз основа на сознанијата на нашата душа од минатите животи.
Со добиените сознанија од минатите животи ќе сме во состојба да ги распознаеме и разрешиме блокадите, односно пречките за повторливите (помалку посакувани) ситуации во овој живот.
Исто така, оваа постапка е од помош да имаме увид во иднината кога сме соочени со донесување важни животни одлуки.
На сеансата, душата дава увид во двете ситуации.
При овој метод се процесира алфа-состојбата на нашиот мозок (7-14 μHz) и клиентот и терапевтот се во постојана вербална комуникација.