View Sidebar

Клучот на душата (®Soul Key) според Мартин Петерсен

Постапката е комбинација од избрани алатки и методи што се разработени од М. Петерсен и тој ги применува при регресии, патувања на душата и во сеанси со хипноза. Регресијата (past life) се практикува со цел да се разјаснат и разберат пред сè помалку саканите случувања што се повторуваат во овој  живот. Со тоа се отвора пат за подобра иднина, за да живееме/имаме  живот каков што посакуваме. Со практикувањето на оваа постапка се постигнува да се разработат  вистинските, длабоко емоционални теми. Ова придонесува, пред сè, да се избегнат болните и тешки душевни состојби.